Боатенг постигна гол и го посвети на играчот кој боледува од …


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Кевин Принс Боатенг, својот гол во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, против тимот на Менхенгладбах, го посвети на фудбалерот на Ајакс, Абделхак Ноури кој откако колабрираше има мозочно оштетување.

Фудбалерот на Ајакс, колабрираше на теренот во еден пријателски натпревар помеѓу Вердер Бремен и Ајакс на осми јули оваа година и едвај остана жив, затоа Боатенг својот гол го посвети нему.

Интернационалецот од Гана, под својот дрес носеше маичка со името на Ноури и неговиот број, и вети дека во знак на солдиарност целата сезона, сите голови ќе ги посветува на него.