Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нов удар за Реал Мадрид.
Напаѓачот на Реал Мадрид Герет Бејл ќе ги пропушти наредните месец дена поради повреда на мускулот на мечот со Барселона.
Велшанецот како ровит беше стартер во Ел Класико, но мораше да го напушти теренот поради болка во мускулот.
Денешните прогнози покажаа дека Бејл ќе паузира околу месец дена што значи дека ќе ги пропушти клучните натпревари во финишот на сезоната.
Зинедин Зидан нема да може да смета на него во двомечот со Атлетико Мадрид во полуфиналеот на ЛШ, како ни до крајот на сезоната во Примера која завршува на 21 мај.
Тоа значи дека Бејл ќе биде спремен дури за евентуалното финале на ЛШ на 3 јуни доколку Реал се пласира понатака.
Да потсетиме, Реал ги чека и голема борба со Барселона за титутулата, поради тоа што имаат ист број на бодови, но Мадриѓаните имаат и меч помалку и ниту малку лесни гостувања кај Малага и Селта, како и дуел со Севиља во последните три кола кои ќе ги пропушти Велшанецот.