До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Звездата на Ливерпул Роберто Фирмино е еден од најдобрите офанзивци во Премиер лигата.
Одличниот Бразилец игра доста добро на почетокот на новата сезона и постигна два гола во четири одиграни натпревари.
Иако често постигнува погодоци, се лесно можеше да биде подруго, ако Фирмино останеше верен на позицијата која играше до 17 години.
Тој играше на позиција стопер, но на крајот сепак премина во офанзивата, што е испостави како вистински потег.
„Почнав како дефанзивец, но подоцна преминав на оваа позиција. Играв во одбраната се до 17 години“, откри Фирмино.
Кој знае што со него ќе се случеше ако останеше во одбраната. Сигурно е дека немаше да видиме некои од мајсториите кој овој фудбалер ги направи во досегашниот дел од кариерата.















