Почна сезоната на лов на францускиот напаѓач – Нема да го продолжам договорот со Арсенал!


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Французинот одлучи да го напушти Емирати.

    Напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру изјави за Л’Екип дека е незадоволен со моменталната ситуација во лондонскиот клуб и дека нема намера да го продолжи договорот кој истекува во 2018-та година.

    Тоа значи дека е отворена сезоната на лов за францускиот голгетер и дека европските гиганти можат да почнат со лицитација околу неговото купување.

    „Мојата иднина во Арсенал ја гледам до последниот ден од договорот. Нема да лажам, имаше моменти во кои бев разочаран и не бев задоволен со ситуацијата. Тренерот тоа го знае, тој е оној кој прави избор. Ќе се борам за својата позиција, но после тој датум сакам да одам во друг клуб“, изјави Жиру.

    Арсенал има одлични резултати на почетокот на сезоната, а формацијата со Алексис Санчез како најистурен дава одлични резултати.

    „Кога гледам од трибини и гледам дека тимот направи добар почеток на сезоната велам дека е јасно дека возот заминува без мене“, заврши Жиру.

    Жиру во Лондон стигна во 2012-та година од Монпеље, а во дресот на топчиите има одиграно 194 натпревари и постигнато 85 погодоци.