Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По интернет веб порталите одекна вест, дека градоначалникот на Битола потпишал милионски договор, но не беше откриено за што станува збор.
Подоцна откриено е дека тоа е договор за изградба на Северната трибина на стадионот “Тумбе Кафе”, ова вест е објавена на официјалниот веб сајт на “Зеленобели”.
Градежните активности ќе ги изведи градежната фирма “Гранит”, тендерот е вреден 5 милиони и 400 илјади евра. Но овие градежни работи нема да значи дека пелистерци ќе треба да барат алтернативен терен, напротив домашните натпревари ќе ги играт под “Тумбе Кафе”, но ќе мора да барат алтернативни соблекувални.