Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдоброто напаѓачко трио на денешницата наречено МСН синоќа на Паркот на Принцевите како да не постоеше, а многумина за тоа го „обвинуваат“ младиот 21-годишен стопер на ПСЖ Преснел Кимпембе.
Беше и повеќе отколку достојна замена за капитенот, Тиаго Силва кој поради повреда го пропушти синоќешниот меч со Каталонците.
Жестокото крштевање и повеќе од одлично, деби од соништата, така може да се опише настапот на младиот Кимпембе кој е главна тема на медиумите после преспиената ноќ.
Четири топки одзеде на магионичарите на Барселона, пресече две, а во својата статистика запиша дури 88 % успешни додавања, додека дуелот без пола маки го заврши без добиен жолт картон поради што многу дефанзивци во Европа не можат кога во напад ќе тргнат Меси, Суарез и Нејмар.
После што со своите соиграчи убедливо ја славеа против Барселона во осмина финалето на Лигата на шампионите со 4:0, и така ја отвори на пола вратата од четвртфиналето од ова натпреварување, главниот актер на оваа приказна имаше краток коментар после дуелот:
„Ден на вљубените на терен, со своите соиграчи, навивачите стручниот штаб. Навистина почувствував љубов на Паркот на Принцевите“, заклучи младиот и талентиран стопер на ПСЖ, Преснел Кимпембе.
Пред него е голема иднина, тоа е сосема сигурно.