По долгата пауза: Тигарот повторно во репрезентацијата на Колумбија

    Колумбискиот напаѓач, Радамел Фалкао повторно доби повик од репрезентацијата на Колумбија.

    Фалкао не има одиграно натпревар за репрезентацијата дури 388 дена поради лошите настапи во Челси и Манчестер Јунајтед, но сега конечно игра одлично во Монако, и на тој начин го заработи повикот во колумбиската репрезентација.

    Селекторот, Нестор Пекерман ќе смета на него во натпреварите против Чиле и Аргентина, пренесува угледниот спортски сајт „Goal.com“.

    Фалкао пред неколку години се сметаше за еден од најдобрите светски напаѓачи, а за репрезентацијата дебитираше во 2007. година и до сега има постигнато 25 гола.