Сега и Официјално Прандели не е повеќе тренер на Валенсија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што медиумите во Шпанија јавуваат италијанскиот стратег се одлучи да се повлече од местото шеф на стручниот штаб на Валенсија.

Шпанскиот весник АС пренесува наводи на Кадена Сер дека тренерот на Слепите Лијлаци Чезаре Прандели „му е доста од се“ и се одлучил да ја напушти својата функција на Местаља.

Го презеде Италијанецот кормилото на Валенсија на 28 септември, од тогаш го предводеше тимот во 15 натпреваручки дуели, запиша само пет триумфи, дури седум порази и три реми.

Ситуацијата во клубот не е никогаш полоша, финансиските проблеми константно се јавуваат, и често претседателот на клубот Питер Лим изјавуваше дека од Местаља ќе има нови заминувања.

Се споменуваа и доаѓања, со цел резултатската криза да се преброди, наводно Италијанецот Заза бил на чекор од клубот, но сега е прашање и д али и неговиот трансфер ќе се оствари.

Адвокатите на Прандели наводно веќе се наоѓаат на Местаља и преговараат со клубот за раскин на договорот, кој може да го наследи поранешниот италијански селектор на клупата на Валенсија, сеуште не е познато.

На официјалниот сајт на фудбалскиот клуб Валенсија, потврди дека тренерот на тој клуб повеќе не е италијанскиот стручнак Чезаре Прандели.