Прашање на пресот: Дали Роналдо се враќа во Реал? Зидан го промени изразот на лицето…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан вчера на прес конференција и официјално беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид, а во таа прилика новинарите имаа неколку навистина занимливи прашања за него.

Сепак во многуте прашања едно се издвојува – она за Кристијано Роналдо. Еден новинар постави многу јасно прашање: „Дали сакате Кристијано Роналдо да се врати во Реал Мадрид?“.

Одговорот на Зидан беше многу дипломатски: „Тоа не поента во овој момент.Вие ме прашавте за тоа, но поентата е тоа дека до крајот на сезоната останаа 11 натпревари и ќе мислиме на тоа. После тоа ќе мислиме на следната година“, кажа Зизу и додаде:

„Сите знаете што овде значи Кристијано Роналдо и што направи за клубот и сите го знаеме ова. Тој е во историјата на клубот“.

Да потсетиме, Роналдо минатото лето како и Зидан го напушти Реал, а без нив двајца Кралскиот тим изгледаше како брод без капетан.

Сепак, се чини дека повторно доаѓаат поубави денови за клубот од Сантијаго Бернабеу.