До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Убави вести за Кутињо!
Филипе Кутињо вчера доживеа незгодна повреда во дуелот со Сандерленд.
Бразилецот после пола час мораше да го напушти теренот, а иако во прв момент се чинеше дека одличниот фудбалер го скрши стапалото, се чини дека за среќа помина без така тешка повреда.
Тој, според првите наоди, ги оштети лигаментите на членот и ќе паузира барем четири недели. Тоа значи дека Кутињо ќе ги пропушти сите натпревари во оваа година меѓу кои се и тешките дуели со Вест Хем, Стоук и Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, сеуште се чека официјална потврда за тежината на повредата и таа наскоро треба да стигне.















