Прв пораз за Кожув – Грешките во завршницата го чинеа победа гевгелискиот клуб


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Кожув вo Гевгелија беа поразени во второто коло од БИБЛ лигата од бугарски Берое со

    Првата четвртина домашните кошаркари ја загубија со 19:26. Кожув на стартот на втората четвртина израмни, но потоа следуваа лоши минути за домашните кошаркари и повторно имаа негатива. Пред крајот на првото полувреме со постигнатите кошеви во серија намалија на еден негатива, 45:46. Следуваше повторно подобар старт на клубот од Гевгелија. Кошаркарите на Берое заиграа подобро и повторно направија предност, а во последните десет минути од натпреварот се влезе со позитива од два коша на бугарскиот клуб, 62:64. Кошаркарите на Кожув на три минути до крајот на натпреварот израмнија со тројката на Нил, 80:80. Алексиев од Берое врати со тројка, 80:83, потоа Гудул погоди 1 слободно фрлање, кошаркарите на Кожув направија грешка во нападот и се чинеше дека тука беше крајот. Гибсон беше фаулиран од Нацевски и ги погоди двете слободни фрлања за победа на Берое, 80:86.

    Нил беше најефикасен во тимот на Кожув со 28 поени. Абрамовиќ додаде 18, а двоцифрени натпреварот го завршија и Мијовиќ(12) и Зеквичиќ(11). Гибсон со 33 поени и Гудул со 23 поени го предводеа Берое до втора победа во БИБЛ лигата оваа сезона.

    Кожув има 1 победа и 1 пораз, а Берое 2 победи оваа сезона во БИБЛ.