Преговорите започнаа: Милан доведува ѕвезда на ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Росонерите загризаа за десниот бек на ПСЖ.

Милан се буди. Заспаниот италијански гигант спрема промени за следното лето, а главен дел на новиот тим на росонерите би можел да стане Серж Орие, пишува францускиот Екип.

Со доаѓањето на кинеските инвеститори, Милан ги засили преговарачките позиции, а минатите недели се насочија кон репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска. Го сакаа во Милан оваа зима, но од фудбалерот добија порака дека трансфер во јануари не ги интересира и дека мораат да чекаат до на лето.

Според Екип, Орие контактира и со Барселона кој исто така бара десен бек. Каталонскиот клуб почесто ги испраќа скаутите на Паркот на Принцовите да го следат Орие, а планираат после афричкиот куп на нации посериозно да преговараат.

Гледано од перспектива на ПСЖ, светците не се расположени да го продадат, но се спремни да го пуштат при стигнување на вистинска понуда. Томас Мение продолжува позитивно да изненадува, а младиот Јусуф Сабали неодамна го продолжи договорот до 2020-та година, па впечатокот е дека никој во Париз не би се потресол ако Орие си замине.