Пресврт во Битола – Еурофарм Работник го совлада Охрид за сефте победа


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во единствениот натпревар од второто коло во македонската суперлига, ракометарите на Еурофарм Работник славеше против РК Охрид со 18:17.

    Првиот дел од натпреварот гостите од Охрид го добија со 8:10. Домашните ракометари во второто полувреме се вратија во натпреварот. На крајот успеаа да направат пресврт и да ја запишат првата победа во дебитантската сезона во суперлигата, 18:17.

    Монтеро со шест погодоци го предводеше Еурофарм Работник до победа. Чурлески и Мојсоски натпреварот го завршија со по 3 погодоци. Кобетиќ кај Охрид беше најефикасен со 5 погодоци.