Пресврт на Вардар во финишот на натпреварот – Еврогол на Којашевиќ за тешки три бода против Победа


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во последниот натпревар од македонската прва лига од дванаесетото коло, фудбалерите на Вардар славеа на Филип Втори со 2:1 против Победа.

    Благоја Гешоски после изведен корнер најдобро се снајде и ја затресе мрежата на голманот на Вардар, Гачески. Гачески на стартот на второто полувреме одлично му одбрани зицер на Карчески. Во 88-ма минута комитите се радуваа, а Јасир Асани погоди за израмнување, 1:1. Јунакот денес беше Дамир Којашевиќ кој постигна фантастичен погодок во 94-та минута и му донесе голема победа на Вардар.

    Вардар после денешната победа ја зголеми предноста во однос на Шкендија на табелата во првата македонска фудбалска лига.