Претседателот на КОНМЕБОЛ одговори на предлогот на Атлетико


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Претседателот на КОНМЕБОЛ зборуваше за идејата трофејот Копа Судааамерикана да му се додели на Чапекоенсе.

    Алехандро Домингез со делегацијата на Чапекоенсе стигна во Рионегро, местото во близина на Меделин каде се случи трагедијата.

    Чапекоенсе требаше да игра во финалето на Копа Судаамерикана против Атлетико, но после големата трагедија финалето нема да се игра, а од колумбискиот клуб побараа титулата да му се додели на бразилците.

    „Предлогот на Атлетико е за секоја пофалба, но не беше време да се донесе одлука. Сепак, верувам дека набрзо ќе ги објавиме резултатите“, изјави Домингез.