Приказна за едно специјално пријателство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не, Сандерленд не e  голем клуб, барем не како Арсенал, Челси, Јунајтед… но пет-годишното  детенце по име Бредли Лоувери, на кого му беше  дијагностицирана „Неуробластома“, (Реток вид на болеста позната како Канцер) го сака својот тим повеќе од се, а Џермејн Дефо, е неговиот херој и најдобар другар.

Денеска Англија играше против Литванија во кфалификациски натпревар за Светското првенство, а Џо Харт кој требаше прв да излезе на теренот и да го предводи „Гордиот Албион“, направи еден мал исклучок. Тој му дозволи на Дефо да излезе прв на теренот, заедно со Бредли.

За Џермејн ова беше кам-бек во репрезентацијата на Англија после 3 години пауза, но во неговите очи можеше да се види дека е среќен, излегувајќи на теренот рака за рака со болното момче, кое си ги затна ушите и не можеше да го слуша сето тоа аплаудирање на преполниот Вембли, а за среќата да биде уште поголема Џермејн го постигна првиот гол, во денешната победа на Англија.

А фамилијата на малиот Бредли се труди на сите можни начини да го направи среќен, затоа што минатата година лекарите потврдија дека овој тип на рак е неизлечива болест.

Дефо го посетуваше Бредли и кога беше во болница, а сликата каде Бредли заспива на неговото рамо, пред некој месец го заобиколи светот, а истата таа слика сега стои во шкафот на Дефо во соблекувалната на Сандерленд.

„Луѓето велат дека оваа е само игра, но за мене тоа не е така, јас сум среќен што можам барем да помогнам на некому кому му е потребна помош, особено на оние мали билни деца, кои ништо не згрешиле на животот“ – изајви Дефо.