Прилеп го декласира Работнички, Пролет минимално против Радовиш


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во останатите два натпревари од суперлигата домашните екипи запишаа нови победи.

    Пролет после првото полувреме имаше водство од 3 погодоци, 13:10. Гостите од Радовиш во вториот дел заиграа подобро, но на крајот домашните успеаа да слават минимално, 23:22. Ласко Андовоски со 9 погодоци го предводеше Пролет до победа. Александар Василевски беше втор стрелец кај Пролет со 7 погодоци. Кај Радовиш најефикасен беше Игор Милосављевиќ со 9 погодоци.

    Ракометарите на Работнички повторно беа поразени, овој пат од Прилеп на гости. Првиот дел му припадна на прилепчани, 16:14. Гостите од Скопје вториот дел го одиграа катастрофално и загубија со 39:29. Александар Тренчевски и Никола Петрески со по 7 погодоци беа најефикасни кај Прилеп. Никола Мирков натпреварот го заврши со 5 погодоци. Глигор Гајиќ кај поразениот тим беше најефикасен со 9 погодоци.