До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кога ќе потпише нов договор, а тоа ќе се случи наскоро, Луис Суарез ќе биде трет најплатен фудбалер на Барселона, одма позад Лионел Меси и Нејмар, тврдат шпанските медиуми.
Суарез моментално со платниот список е заедно со Андрес Иниеста, Серхио Бускетс и Џерард Пике, кои заработуваат 14 милиони евра бруто годишно, што е седум милиони нето.
По новиот договор Суарез треба да има плата од дури 16 милиони евра нето годишно. Кога ќе се земе во предвид дека Барселона на своите играчи ги препушта сите маркетиншки права, додека Реал ги дели тие права во сооднос 50 – 50 само со својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо, додека сите останати имаат далеку неповолен сооднос, Суарез на годишно ниво може да заработува дури нешто помалку од Роналдо.
Португалецот во понеделникот потпиша нов договор со Реал и ќе има годишна плата, зависно од изворот, во опсег од 20 до 25 милиони евфра, најверојатно таа сума е блиску или точно 25 милиони евра, и ќе добива 50 проценти од маркетиншки права, таканаречен „image rights“.
Наводно Роналдо барал да има барем пола милион евра повеќе плата од Меси, за кој се претпоставува дека моментално има околу 23-24 милиони евра нето годишно.
Ако тој податок е точен, Роналдо стана најплатен фудбалер на светот, но не за долго, бидејќи Меси наскоро по деветти пат ќе потпише нов договор со Барселона и ќе добие астрономско зголемување.
Наводно платата треба да порасне во последните години до блиску 40 милиони евра годишно. Веќе во првата година треба да има 30 милиони евра годишно.
Според најновите шпекулации Нејмар потпиша договор според кој ќе има плата од 20 милиони евра годишно, со тоа што таткото на Нејмар наводно на име на посебни „премии“ ќе заработи милион евра годишно во следните пет години.
Овој последен детал можеби е и причината поради што таткото на Немар во летото буквално ги стопираше преговорите со ПСЖ кои, според наводите на менаџерот на Нејмар Вагнер Риберио, веќе далеку беа одминати и требаше да резултираа со голем трансфер.
Бидејќи платите на професионалците на Барселона веќе одамна ја пробија границата од 65 % од вкупниот буџет на клубот, се поставува прашањето како Каталонците планираат да останат внатре во дозволената граница која ја пропишува УЕФА. Ако сакаат да ги задржат играчите, Барселона мора драстично да ги зголеми приходите.
И покрај новите спонзорски договори кои Барселона ги потпиша или има намера да ги потпише, некои аналитирачи мислат дека тоа нема да биде доволно.
Со други зборови речено, Барселона можеби ќе мора да продаде барем една од најголемите три ѕвезди со цел да ја одржи рамнотежата на буџетот и останатото во рамките на границата за одржлив развој на клубот.
Претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу отворено порача дека играчите на Барселона мораат да бидат свесни дека платите не можат да растат во бесконечност и дека приоритет на клубот е финансиска стабилност, а дури тогаш се останато.














