Пристигна засилување во ЖРК Вардар од Будуќност


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првото засилување во Вардар за следната натпреварувачка сезона доаѓа на пивотменската позиција.

Од сезоната 2017/2018 нов член на Вардар ќе биде српската интернационалка Драгана Цвијиќ која потпиша двегодишен договор со македонскиот клуб. Таа игра на позиција пивотмен и во иднина ќе значи многу за уште посилна игра на Вардар особено во одбрана, но и во напад.

Драгана Цвијиќ со екипата на Будуќност двапати беше европски првак во 2012 и 2015 година. Последните три сезони постојано е дел од Ф4 турнирот на ЕХФ лигата на шампионките. Во 2014 година беше и вице првак на Европа. Четирипати беше победник на Регионалната ВРХЛ лигата и петпати ја освојуваше двојнате круна во Црна Гора.

На репрезентативен план со репрезентацијата на Србија освои сребрен медал на СП 2013. Има и златен медал од Медитеранските игри во Мерсин. Во 2008 година беше избрана за најдобра ракометарка во Србија, а во 2013 година и дел од Ол стар тимот на СП.

Поради повреда го пропушти првиот дел од сезоната во лигата на шампионите, а сега повторно е дел од Будуќност во главната фаза од ЛШ. Од 2009 година постојано игра во ЛШ, прво за екипата на Крим, а потоа во 2011 година потпиша за Будуќност. Претходните три сезони постојано постигнуваше по најмалку 47 гола, а најплодна и беше 2014/2015 кога Будуќност по вторпат беше европски првак, а таа беше стрелец на 52 гола.