Проблеми во Јунајтед, повреда на дефанзивец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На дефанзивецот на Манчестер Јунајтед му се случи нов пех.

Од Олд Трафорд стигна вест дека Фил Џонс нема да биде на располагање на Жозе Мурињо за претстојниот првенствен дуел против Лестер во 24 коло од Премиер лигата.

Црвените ѓаволи во недела (17 часот) гостуваат кај актуелниот шампион на Англија, кој во 2017 година сеуште не ја почувствува сласта на победата.

Инаку, Џонс е единствен првотимец на Манчестер Јунајтед кој е надвор од тимот во овој момент.

Таман кога влезе во стартниот состав доживеа нова повреда, вкупно дваесетта откако дојде во Манчестер од Блекбурн.