Проблеми за Рома: Пасторе ја пропушта и Болоња


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот играч за врска, Хавиер Пасторе ќе го пропушти и наредниот натпревар на својата Рома.

Тој неодамна се здоби со повреда на листот, па поради тоа го пропушти и синоќешниот натпревар во ЛШ против Реал Мадрид.

Последните информации говорат дека нема да биде спремен ниту за мечот против Болоња.

Сепак, добри информации за Волчицата се дека ќе биде спремен да заигра во 6. коли во дербито против Лацио.

Инаку, екипата од Рим веќе некое време не знае за победа, така да мечот против Болоња е права шанса за нив.