До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Некогашниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини, вчера изјави дека не сака да се врати на Сан Сиро.
Малдини потврди дека имаше понуда од Милан во ова лето да се врати на некои од директорските позиции на овој клуб, но дека на крајот тоа го одби.
Легендарниот играч изјави дека тој тоа го направил бидејќи не верува дека Росонерите имаат победнички тим.
После оваа изјава се одлучи да се огласат од италијанската екипа, и да одговорат на Малдини.
„Во врска со вестите поврзани со иднината на одборот на директори на Милан, Sino-europe Sports има намера да стане јасно дека ова прашање не е на дневен ред. Приоритет на СЕС во моментов е да се затвори купувањето на Милан. Жал ни е за одлуката на Паоло Малдини во врска со нашиот предлог, бидејќи ние силно веруваме дека наскоро тој ќе сфати колку е ова победнички проект на Милан“















