ПСЖ бира нов тренер? Крај за Емери, тројца кандидати за клупата на ПСЖ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француската телевизија ТФ1 ги објави имињата на кандидатите за клупата на ПСЖ, ако актуелниот тренер Унаи Емери добие отказ.

Шпанскиот стручнак доста слабо го води францускиот шампион. Се очекува дека наскоро може да добие отказ на Паркот на Принцивите и веќе се споменуваат имињата кои можат да го заменат.

ТФ1 објави имиња на тројца кандидати за клупата на тимот од Париз.

Тоа се Луј Ван Гал, Роберто Манчини и Фабио Капело.

Манчини и порано се споменуваше како нов тренер на Парижаните, додека новитет се имињата на Ван Гал и Капело, кои порано не беа во комбинација.

Сепаки, се во своите раце држи раководството на францускиот шампион, а се околу судбината на Емери треба да биде јасно до средината на неделата.