„ПСЖ има подобар тим од Јунајтед“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Златан Ибрахимовиќ рече дека Манчестер Јунајтед не е силен како неговиот поранешен клуб Пари Сен Жермен, но рече дека лесно се одлучи да дојде на Олд Трафорд.

    Шведскиот напаѓач стигна без оштета после неколку многу успешни години во францускиот фудбал.

    Јунајтед од 2014 година не ја освои Премиер лигата, а тоа ќе пробаат со Ибрахимовиќ и Мурињо.

    „Мурињо беше одлучувачки фактор за мојот премин. Тимот за кој потпишав не е силен како мојот поранешен тим, но кога Мурињо ме повика лесно ја донесов одлуката. Кога тој ќе повика јас немам проблем да дојдам, се што беше потребно да се договориме кога ќе биде претставувањето.

    Финансиските детали и сите останати работи, тоа не беше тешко. Работата е во предизвикот, никогаш не бегав од предизвик. Тоа го сакав, дојдов во најголемиот клуб во светот, да се пробам во Премиер лигата. Тоа беше предизвик“, рече Ибрахимовиќ.

    Јунајтед не ја почна според очекувањата сезоната па моментално е шести со девет бода помалку од лидерот Челси.

    „Реков дека сме аутсајдери, не сме фаворити за титулата. Доведовме многу нови играчи“, додаде Швеѓанецот кој постигна 6 голови на 11 мечеви во Премиер лигата.