ПСЖ продолжи да плива во победнички води – Кавани со два погодоци падна на колена Лион


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на ПСЖ славеа на гости против Лион со 1:2 во натпревар од четиринаесетото коло во Лига 1.

    После половина час игра на теренот беше досуден пенал за ПСЖ. Напаѓачот на парижаните, Едисон Кавани погоди за водство на гостите. Само по влегувањето на теренот, Валбуена ја затресе мрежата на гостите и го израмни резултатот. Томас Мение му асистираше на Едисон Кавани кој во 81-ва стрелаше за победа на ПСЖ на денешниот дерби натпревар, 1:2.

    ПСЖ во следното коло ќе игра на Паркот на Принцовите против Анжерс, а Лион ќе му гостува на Нант.