Пукна петарда на Бернабе, Легија е жртвата, Лестер не може да се сопре, Јувентус победува и со играч помалку


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    На програмата денес беа осум натпревари од групната фаза од третото коло во Лигата на Шампионите.

    Клуб Бриж несреќно беше поразен на домашен терен од Порто, 1:2. Восен во 12-та минута погоди за водство на белгискиот клуб, но водството траеше се до 68-ма минута кога Лајун израмни. Во 92-ра минута беше досуден пенал за португалскиот клуб, а Андре Силва погоди за победа на својот тим. ЦСКА Москва одигра нерешено против Монако, 1:1. Силва му донесе бод на Монако на три минути пред крајот на натпреварот. На Максимир видовме само еден погодок и тоа во првото полувреме. Самир Насри му донесе победа на Севиља против Динамо Загреб, 0:1. Лестер продолжува да победува во ЛШ, а денес настрада Копенхаген. Ријад Марез во 40-та минута беше стрелецот на единствениот погодок на Кинг Пауер, 1:0.

    Леверкузен и Тотенхем одиграа без погодоци, 0:0. Јувентус прво се спасуваше, па со фудбалер помалку славеше во Франција против Лион, 0:1. Во првото полувреме Џанлуиџи Буфон му одбрани пенал на Лаказет. Лемина во второто полувреме доби црвен картон и старата дама остана со фудбалер помалку на теренот. Колумбиецот Квадрадо му пресуди на Лион во 76-та минута и го остави Јувентус на врвот на табелата во групата. На Сантијаго Бернабе пукна петарда. Реал Мадрид ја декласира Легија со 5:1. Бејл и автоголот на Јодловиец во период од четири минути му донесе предност на кралскиот клуб од 2:0. Радовиќ две минути после автоголот на неговиот соиграч од белата точка ја намали предноста на Реал Мадрид, 2:1. До крајот на првото полувреме и Марко Асенсио се запиша во листата на стрелци, 3:1. Резервата Лукас во вториот дел постигна фантастичен волеј на асистенција на Мората. Уште едната резерва, Алваро Мората ги постави конечните 5:1. Борусија Дортмунд славеше на тешкото гостување кај Спортинг со 1:2. Обамејанг и Вајгл беа стрелци за милионерите.