Пјаниќ: Немам ништо против враќање на Погба во Јуве и сигурно би добил топло добредојде


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погба е во лоши односи со Мурињо, а веќе на лето сака да оди во Барселона, но од Јунајтед тоа нема да го допуштат. Иако беше стандарден на почетокот од сезоната, во претходните неколку седмици тоа се промени, и Мурињо му дава помалку минутажа. Веднаш се појавија шпекулации дека Погба сака да го напушти клубот и дека за него голем интерес покажа Јувентус.

Овој играч за врска токму од Јувентус пристигна во Јунајтед пред неколку сезони, но јасно е дека не се вклопи баш најдобро. Интересот за него е голем, но многуѕмина веруваат дека тој би можел повторно да се врати во Старата дама. Овие шпекулации ги коментираше и Миралем Пјаниќ кој порача дека нема ништо против Погба да се врати во Торино.

„Сигурно дека секој навивач сонува да го види Погба повторно во Јуве, бидејќи тој беше одличен додека беше овде. Доведовме неколку одлични играчи ова лето и што е најважно сите тие донесоа нешто ново во екипата. Сигурно Погба ќе има топло добредојде доколку се врати, па дури и повеќе од тоа“, рече Пјаниќ.

Италијанските медиуми ги занимаше дали Пјаниќ се чуствува загрозено доколку Погба потпише за Јуве, но Босанецот кратко порача дека секоја конкуренција е добредојдена и за него, но и за тимот.