Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Работнички денеска ги стартуваше зимските подготовки, откако шефот на стручниот штаб Виктор Треневски ја изврши првата прозивка на која се појавија сите играчи од фудбалскиот погон. Тренинзите ќе почнат од утре, а ќе се работи двапати дневно, во сала за кревање товар, како и на терен. Зимските услови иако ќе го отежнат, сепак, нема да бидат пречка за спроведување на планот.
„Ќе работиме двапати дневно на подобрување на физичката подготвеност. Ова е таков период, треба да се оформи базата за понатамошните активности. Во Скопје ќе останеме до 26-ти јануари кога ќе отпатуваме на подготовки во Анталија. Планирани се три подготвителни натпревари пред заминувањето за Анталија, а два се веќе договорени, на 21-ви јануари против Брегалница и на 23-ти јануари против Хоризонт Турново. Секако, главната фаза од подготовките ќе ја спроведеме во Турција“, изјави шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски.
Нови имиња немаат пристигнато во Работнички, а од клубот соопштија дека имаат планови за засилување на тимот.