Разговор во Санс за можната размена Букер/Ирвинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Млади и возбудливи. Два збора со кои може да се опише моменталниот тим на Феникс Санс чиј најголем талент е Девин Букер, 20-годишниот бек шутер кој имаше феноменална втора сезона во НБА лигата.

 

Неговиот тим пробува да договори размена на играчи со која би ја добиле ѕвездата на Кливленд, Кајри Ирвинг. И вчера, на приватен состанок помеѓу раководството и Букер, на играчот му беше укажано дека не постои шанса дека тој ќе биде дел од размената. Главната причина за оваа одлука е тоа што Девин Букер е сметан како лидер на оваа франшиза и околу него се гради екипата.

Феникс не е тим кој може да биде конкурентен во наредната сезона, барем не засега. Но доколку успеат да ги обезбедат услугите на Кајри Ирвинг од нив би можело да се очекува пласман во плејофот.

Играч пак, кој би можел да замине во евентуалната размена на играчи би бил плејмејкерот на Санс, Ерик Бледсо. За него се вели дека е добар пријател со ЛеБрон Џејмс и изминатиот месец тие заедно тренираа во Лас Вегас, што само ги “вжешти” шпекулациите за можната размена.