Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лестер вчера доживеа тежок пораз на гостувањето против Челси (3:0).
Актуелниот шампион на Англија вчера на „Стемфорд Бриџ“ беше поразен со 3:0, а навивачите на гостите се лути на Клаудио Раниери бидејќи тој на клупата ги остави Силмани и Марез.
Исто така, италијанскиот стратег во Лондон не го донесе Оказаки, а за тоа даде интересен коментар: „Кога Оказаки ќе се врати од патувањата во Јапонија, тој повеќе не е истиот, тоа е некој негов брат. Вистина е дека не е повреден, но откако се врати од патувањата му треба време да влезе во форма. Сега не може да ни помогне“, изјави Раниери.
Раниери потврди дека одлучил важните играчи да ги остави на клупата за резерви, бидејќи веќе размислува за натпреварот во Лигата на Шампионите, каде што Лестер го игра следната недела.