Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако играчите од НБА лигата го прогласија за најдобро облечен кошаркар, Расел Вестбрук одлучи да сподели неколку совети за модата и стилот на облекување. Тие неколку совети се претворија во книга а вчера тој најави дека книгата е готова и ќе излезе годинава.
Супер-ѕвездата на Оклахома Сити Тандер објави на својот Твитер профил дека книгата е насловена “Style Driver” и ќе излезе на 5 септември а цената ќе биде 55 долари по примерок.
??Look who has a book coming out….9/5…check the link to grab a copy! #WestbrookStyleDrivers #whynot ??♂️??♂️ https://t.co/RcjQtEclEb pic.twitter.com/Clpsv1wV0j
— Russell Westbrook (@russwest44) August 21, 2017
Изгледа дека годинава му тргна на Вестбрук, најпрво играчите го прогласија за најдобро облечен помеѓу професионалците, потоа ја доби МВП наградата, како подарок му стигна Пол Џорџ како нов соиграч и сега тој дури ќе стане и објавен автор. 2017 се покажува како година на Расел Вестбрук.