До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес (39), откри кој по негово мислење ја заслужува Златната топка.
Познати се 30-те кандидати за Златната топка, но само еден може до оваа престижна награда, а главни фаворити се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Луис Суарез.
„Мислам дека Кристијано ја заслужува наградата. Ова е борба меѓу Кристијано и Меси, но и Гризман е еден од кандидатите. Но, Роналдо и Меси се најдобри во овој момент и тие се класа“, рече Раул.
Роналдо во минатата сезона даде 35 голови во 36 натпревари во Примера, додека Меси во 33 настапи постигна 26 голови.
Голем успех во 2016 година имаа Бејл, Суарез и Обамејанг…















