До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голот на Рафиња беше доволен за вечерва Барса да ја совлада Гранада.
Барса ја угости Гранада во меч од 10 коло од Примера, и ја запиша седмата победа, трета во низа.
Единствениот гол на мечот Каталонците го постигнаа во 48 минута, кога Рафиња една одбиена топка после шутот на Нејмар ја смести во мрежата.
Преку Суарез и Нејмар Барса креираше шанси, но мрежата на Очоа се тресеше само еднаш.
Барса со 22 бода е на второто место, додека Реал Мадрид има два бода повеќе.
Гранада е на дното на табелата со само три бода, и понатака единствен шпански тим кој во оваа сезона не запиша победа.















