Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс ја анализираше играта на Даниел Стариџ на натпреварот помеѓу Англија и Словенија (0:0) во вторникот.
„Со него бев во ист тим, предводејќи ја Велика Британија на Олимпијадата во 2012. година“, потсети Велшанецот кој беше коментатор во студиото на „ITV Spot“ за време на натпреварот помеѓу Англија и Словенија.
„Тој има се. Располага со добар допир, има добар завршувачки удар, брз е, знае да се влучува во отворот на одбраната на противникот, но за да биде топ напаѓач, тој мора да донесува правилни одлуки. Должен е да избере соодведно решение во многу ситуации“, додаде Гигс.
Според легендата на Манчестер Јунајтед, доколку Стариџ беше поактивен на натпреварот против Словенците, Англичаните лесно би дошле до трите бода од натпреварот. Напаѓачот на Ливерпул ги пропушти шансите и малку пред крајот на натпреварот беше заменет од младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.