Реал Бетис се врати на победничките патеки – Војдан еден од најдобрите против Сарагоса


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Реал Бетис славеа со 87:84 против Сарагоса во натпревар од четвртото коло во АЦБ лигата.

    Домашните стартуваа катастрофално, првата четвртина ја загубија со 13:23. Во вториот дел тимот каде што игра Војдан Стојановски се разигра и успеа до крајот на полувремето да направи пресврт, 42:40. Третиот дел стигнаа до 8 поени предност кошаркарите на Реал Бетис, но во последните 10 минути влегоа со плус четири. На стартот на последната четвртина направија огромна предност од 13 поени. Гостите од Сарагоса во серија постигнуваа кошеви и успеаа да израмнат, 76:76. Од тогаш Зориќ се разигра и му ја донесе втората победа на Бетис оваа сезона, 87:84.

    Зориќ со 21 поен го предводеше Бетис до победа на овој натпревар. Шери и македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски натпреварот го завршија со по 18 поени. Двоцифрен натпреварот го заврши и Локет(11). Кај гостите Гечевичиус со 31 поен беше најефикасен. Фоту постигна 16, а Бензинг 11 поени.