Реал е на врвот – Џокерот Алваро Мората за тешка победа против Атлетик Билбао


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во последниот натпревар од деветото коло, фудбалерите на Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе славеа со 2:1 против Атлетик Билбао.

    Одлично започна натпреварот за кралевите. После седум минути игра го видовме првиот погодок на Сантијаго Бернабе. Бекот Саборит се лизна во својот шеснаесетник, Иско кој беше до него му асистираше на Карим Бензема за водство на кралскиот клуб. Потоа Сабин имаше шанса за израмнување, но шутираше над голот. После еден карамбол топката стигна до Сабин Мерино кој го израмни резултатот. Кристијано Роналдо пред неколку секунди пред крајот на првото полувреме шутираше по средината на голот, а тоа за Горка Ираизоз беше тренинг топка. Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс пропушти огромна шанса за водство на баскијците кога излезе еден на еден со Навас и шутираше високо над голот. Ираизоз одбрани одличен шут на Бензема со глава и го спаси Билбао. Во 84-та минута резервата Алваро Мората шутираше, голманот на Билбао, Ираизоз одбрани, но не ја сочува топката во своите раце, па тоа го искористи Мората и го врати Реал во водство. Само неколку минути по погодокот, дефанзивците на Реал направија катастрофална грешка, но Ињаки Вилијамс не го искористи тоа. Контра за Реал во последната минута од натпреварот, Васкез му додаде на Роналдо кој беше сам, но Ираизоз му одбрани 100% шанса на португалецот. На Сантијаго Бернабе по натпреварот се радуваше кралскиот клуб, 2:1.

    По денешната победа Реал Мадрид се искачи на врвот на табелата во Примера.