Реал не може да се сопре – Златното момче и Бензема го вратија Реал на врвот


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Фудбалерите на Реал Мадрид во последниот натпревар денес од Ла Лига славеа на гостувањето на Корнеља Ел Прат кај Еспањол со 0:2.

    Уште во 12-та минута фудбалерите на Еспањол изненадувачки се заканија. Среќно стигна топката до Лео Баптистао на чиј шут Кико Касиља фантастично одбрани. Пред крајот на првото полувреме повторно Лео Баптистао се закани по голот на Касиља, но со глава шутираше непрецизно. Во судиското продолжение од првото полувреме Хамес Родригез постигна фантастичен погодок од далечина за водство на Реал Мадрид. После еден час игра на Корнеља Ел Прат, Карим Бензема испрати фантастичен волеј, но Диего Лопез го спаси Еспањол од примање на втор погодок. Напаѓачот на Реал Мадрид во 71-ва минута погоди за зголемување на водството на кралскиот клуб на асистенција на Лукас Васкез. Неколку минути подоцна Фелипе Каиседо шутираше, но голманот Кико Касиља беше на вистинското место. Кралскиот клуб на крајот го однесе целиот плен од Корнеља Ел Прат, 0:2.

    Ова е четврта победа во исто толку натпревари за Реал Мадрид, а Еспањол денес го запиша вториот пораз оваа сезона.