Реал пронајде вистински наследник за Пепе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се е појасно дека искусниот португалски репрезентативец ќе го напушти Мадрид, а се добива на тежина поради фактот дека Реал му бара и замена.

Искусниот Пепе најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Кина од ова лето, иако нема сомнеж дека може да одигра уште некоја квалитетна сезона во Европа.

Не треба да се отпише и останатата можност, но е поприлично јасно дека од неговото останување во Мадрид нема ништо.

Поради се управата веќе тргна во потрага за негов заменик, а како што работите стојат пронајдоа на исто место од каде што го доведоа и Пепе, Порто.

На радарот на клубот е 27-годишниот стопер на Порто Фелипе Монтеиро, пренесува шпански АС.

Наводно претставниците на Реал веќе постигнаа вербален договор со самиот фудбалер, останува само со Порто да се договорат околу оштетата.

Фелипе има договор за клубот од Драгао до 2021 година, има и клаузула од 50 милиони евра но медиумите во Шпанија веруваат дека Реал може да го откупи за околу 30 милиони евра.