До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Првиот човек на Бока Јуниорс Даниел Ангеличи потврди дека Кралскиот клуб испратил понуда за неговата „златна кокошка“ а шпанските медиуми дека таа може да биде прифатена.
Иако веќе е виден како ново засилување на Јувентус, може да дојде до пресврт во случајот Родргио Бентанкур.
Овој играч за врска се доведуваше во врска и со Милан и Манчестер Јунајтед, а дека не се работи за обична медиумска шпекулација потврди претседателот на Бока Даниел Агнгеличи во изјавата за Радио Марка гостувајќи во студиото во Севиља, каде што аргентинскиот гигант учестуваше на турнеја посветена на Антонио Пуерта.
„Ние знаеме дека пред Родриго е голема кариера, дека ќе биде играч од топ класа и дека заслужува да игра во некои од топ 10 светски клубови. Некои од нив покажаа огромен интерес да го доведат. Се јавија луѓе од Реал, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Милан“, рече првиот човек на Бока Јуниорс.















