До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот тренер на Тотенхем, Хари Редкнап, стана целосно синилен, судејќи според неговите последни изјави.
После што неодамна порача дека не му е јасно зошто Вес Морган не добива повик во репрезентацијата на Англија (фудбалерот инаку игра за репрезентацијата на Јамајка), сега направи можеби уште поголема грешка.
Имено, после многу добрите игри на Виктор Мозес во дресот на Челси во оваа сезона, Редкнап го рача следното:
„Баш е убаво да видиме еден млад Англичанец да добива шанса во така голем клуб“.
За тие кои знаат, Мозес е Нигериец и одигра веќе 24 натпревари за репрезентацијата на таа земја. Освен тоа, не е толку млад бидејќи веќе има 26 години.















