Репрезентативците до 16 години ќе одиграат два пријателски натпревари против Ерменија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе одигра два натпревари со соодветната селекција на Ерменија.

Натреварите ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Првиот натпревар е во сабота, а вториот натревар ќе се игра во понеделник. Двата натпревари се закажни за 14:00 часот.

Селекторот Горан Станиќ за натпреварите против Ерменија ги повика следните фудбалери:

Голмани: Филип Џамтовски (Македонија Ѓ. П.), Матеј Андов (Вардар)

Одбрана: Божидар Митревски (Работнички), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Мишко Арсовски (Работнички), Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски (Работнички), Ален Јусуфов (Рапид Виена, Австрија)

Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Рони Синани (Гостивар), Бојан Димовски (Вардар), Кире Трпчевски (Работнички), Ален Личина (Работнички), Кушрим Таири (Шкендија), Елези Агон (Шкупи), Владе Новевски (Војводина, Србија), Бесир Бефтијари (Теплице, Чешка), Амар Колешинац (Олимпија, Словенија)

Напад: Давид Тошевски (Работнички), Ибраим Ариф (Академија Пандев)

Со ова започнува серијата на подготвителни натпревари на оваа генерација за октомврискиот квалификациски циклус кој ќе се одигра во октомври во Скопје.

Покрај Македонија на турнирот ќе настапат и репрезентациите на: Словачка, Молдавија и Босна и Херцеговина. До почетокот на квалификациите репрезентацијата ја очекува и развоен турнир во април каде ќе и гостуваат репрезнетациите на Романија, Израел и Лихтенштајн. Во мај Македонија ќе одигра два натпревари против Азербејџан, а во април против Кипар.