Ријад Марез избра нов клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лестер во минатата година направи неверојатна сензација со освојување на титулата шампион на Англија.

Еден од најдобрите играчи на Лисиците во минатата година беше Ријад Марез кој со своите потези и голови го воодушеви фудбалскиот свет.

Марез во летото имаше неколку понуди, но се одлучи да остане во Лестер што на крајот се испостави како грешка.

Алжирецот во оваа сезона не пружа партии ни блиску како во минатата, но сеуште има заинтересирани страни за него.

Англиските медиуми пренесуваат денеска дека Марез на лето сигурно ќе го напушти Кинг Пауер стадионот, и дека кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.

Арсенал интерес за овој играч покажа во последните два преодни рокови, но Марез ги одби понудите.

Сепак, наводно сега порача на челниците на клубот да ја прифатат понудата бидејќи сака на лето да замине во Арсенал.

Лестер ако трансферот се оствари треба да заработи околу 30 милиони евра.