Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Вардар ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната со првиот собир во СЦ Јане Сандански.
На подготовките ги нема оние ракометари кои што настапуваат на СП во Франција.
Стојанче Стоилов, Мартин Поповски, Тимур Дибиров, Даниел Шишкарев, Александар Деревен, Лука Циндриќ, Рожерио Мораеш, Жоан Канељас и Алекс Дујшебаев ќе настапат на СП во Франција за пет различни репрезентации.
Тренерот на Раул Гонзалез има на располагање само десет ракометари. Страхиња Милиќ само се жали на повреда на рамото.
Првиот натпревар Вардар треба да го одигра во Скопје на 2-ри февруари против Нексе во натпревар од СЕХА, а три дена подоцна гостува во Словенија кај Горење. На 11-ти играат во ЛШ против Загреб во Скопје.