РК Металург бојкотира и нема да игра во Лигата на Шампионите ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Многу проблеми и прашина се дигна околу веќе поранешниот играч на Металург, Немања Обрадовиќ, кој иако имаше потпишано договор со Металург, во исто време потпишал и со Висла Плоцк, па затоа мораше да интервенира и ЕХФ, кој пресуди во корсит на Висла Плоцк.

Од Металург негодуваат на оваа одлука и сметаат дека им е нанесена голема неправда.

Прочитајте го целтото соопштение на клубот од Автокоманда:

 

Почитувани,

Ова е скандал, чист скандал.

Сакам да ве известам дека на нашето разочарување му нема крај. Тоа е големо и болно, бидејќи сите знаеме дека сме апсолутно во право во случајот со Обрадовиќ. Дури и оние што ја донесоа оваа скандалозна одлука знаат дека е така. Верувавме во правда, посебно во спортска правда како најчиста, но на крајот излезе дека и спортот исто така може да се води од позиција на сила.

Прашањето што сега си го поставува Металург е каков е овој сигнал што им се испраќа на клубовите кои чесно се борат за место под сонцето? Каква е поентата од потпишување на валидни договори кога тие на крајот не се почитуваат? Дали ова значи дека ракометарите што сега играат за Металург (и другите клубови) можат да си заминат кога сакаат и да потпишат за кој било клуб?

Дали ова значи дека сме во опасност на неколку дена пред отворањето на сезоната во Лигата на шампионите?

Господа, ова едноставно нема смисол и не е фер.

Ако е ова праксата, кој е смисолот на ова натпреварување и на нашите инвестирања во клубот и во ракометарите, сега кога веќе не сме сигурни дека тие се навистина наши ракометари и дека лојално ќе ги бранат боите на нашиот клуб.

Во случајот на Обрадовиќ има премногу релевантни докази дека тој е наш ракометар и дека тој, неговиот менаџер и Висла Плоцк го направија најголемиот прекршок во спортот, со тоа што потпишаа за два клуба во исто време. Но, сега сето тоа е залудно, бидејќи одлуката е донесена на штета на Металург. Тие што навистина ништо не згрешиле се казнети, а тие што направиле голем прекршок се наградени.

На крајот, нашето разочарување, што го делиме со многу наши пријатели во ракометниот свет, не тера сериозно да ги преиспитаме нашите инвестиции во овој спорт и во овој клуб. Ве известуваме дека раководството на клубот ќе го преиспита своето учество во европските натпреварувања, во кои очигледно спортскиот дух е уништен од владеењето на правото на посилниот.

Ние не сакаме да поверуваме дека тие, кои го направиле овој скандал, не учат дека неправдите ќе им се нанесуваат на малите клубови и федерации, какви што се Металург и Ракометната федерација на Македонија, и дека посилните и без аргументи ќе доаѓаат до своите нечесни цели.

Сакам да повторам. Ова е огромен и бесрамен скандал. Ова не е начин да се изгради силно и чесно ракометно семејство, ова е огромна катастрофа на европскиот ракомет.

Со почит кон сите,

Зоран Цветановски

Претседател на Металург