Робињо отсекогаш ми беше идол, сакав да бидам како него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот Нејмар веќе месец дена е надвор од терените поради повреда, а негово враќање на терен се очекува во текот на март.

Најскапиот фудбалер во светот се до повредата играше навистина одлично во дресот на ПСЖ, но најтешките препреки Парижаните во ЛШ ќе мора да ги поминат без него.

Тој добро се опоравува од повредата. Наскоро ќе биде спремен за игра, а додека одмара новинарите често го опседнуваат неговиот дом.

Во разговор за ДАЗН бразилскиот магионичар откри доста интересни работи и го откри својот идол.

„Отсекогаш идол ми бил Робињо“, рече Нејмар и додаде:

„Откако бев мал, гледав што работи и едноставно сакав тоа да го гледам. Сакав да станам како него“, рече Нејмар.

„Се занимавам и со други спортови, кога сум дома не гледам многу фудбал. Повеќе кошарка, но сакам и други спортови“, истакна Нејмар.

Репрезентативецот на Бразил до повредата одигра 23 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања и остави учинок од 20 голови и 11 асистенции.