Рома го доведува „волшебникот“ на трансфер периодите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Рома, според пишувањата на италијанските медиуми, пронајдоја замена за Валтер Сабатини.

На позицијата спортски директор Сабатини во Рома привремено го наследи Фредерик Масара, а мандатот на тоа место ќе трае до лето по што во редовите на римскиот клуб ќе премине Рамос Родригез.

Родригез е творецот на доминацијата на Севиља и во изминатиот период во тимтот од Андалузија ја одслужуваше функцијата спортски директор, а „Gazzetta dello Sport“ тврди дека неговиот нов клуб ќе биде Рома со кој потпишал договор на состанок во Лондон.

Популарниот Мончини во Шпанија го нарекуваат „волшебник“ на трансфер периодите бидејќи успеа да создаде малку познати играчи, а потоа да ги продаде за огромни суми на пари.