Рома доведува опасно засилување од ПЛ

    Швајцарскиот фудбалер ќе стигне кај Лучијано Спалети.

    Според зборовите на агентот на Џердан Шакири, фудбалерот на Стоук кариерата ќе ја продолжи во Рома.

    Крилниот напаѓач не е задоволен од ситуацијата во моментот во Стоук.

    Мохамед Салах оваа зима ќе отсуствува поради настапот на афричкиот куп на нации, Рома планира да доведе негова замена, а Шакири е прва мета.

    Масло на огнот додаде братот и агентот на Шакири.

    „Не можам многу да кажам. Шакири моментално е фокусиран на Стоук. Јануари е далеку. А што се однесува до Рома, никогаш не вели никогаш“, изјави Едрин Шакири.