Рома има нов принц – Хет-трик на Салах за победа против Болоња


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Рома славеа со 3:0 на Олимпико против Болоња во натпревар од 12-тото коло од Серија А.

    После тринаесет минути игра Рома имаше водство. Мохамед Салах шутираше, а топката погоди некој од фудбалерите на Болоња, го смени правецот, а голманот Коста остана немоќен. До крајот на првото полувреме по голот на Коста се заканија и Наинголан и Пероти, но и двата беа непрецизни. Мохамед Салах денес беше најдобриот фудбалер на Рома на теренот и тоа го потврди веднаш во второто полувреме. Излезе еден на еден со Коста во 62-ра минута и го постигна вториот погодок на натпреварот. Девет минути подоцна Салах постигна хет-трик за конечни 3:0. Римската волчица славеше и се врати на втората позиција со четири бода негатива зад лидерот Јувентус.

    Рома во тринаесетото коло му гостува на Аталанта, а Болоња ќе го пречека Палермо.