До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Рома славеа убедлива победа над Палермо (4:1) во дуелот од деветтото коло од италијанската Серија А.
Рома ја врза третата победа и се израмни на табелата со Милан, а водечкиот Јувентус беа само два бода.
Римјаните против претпоследната екипа на првенството запишаа лесна победа, а на првиот гол се чекаше околу пола час.
Един Џеко одлично го проигра Салах, кој погоди за 1:0.
Единствениот обид за гостите го имаше Дијаманти во 38 минута, но беше непрецизен.
Сицилијанците веќе во седмата минута од продолжението го примија вториот гол. Паредес изведе слободен удар, никој не ја допре топката, која незгодно отскокна и го излажа голманот на гостите.
Во 68 минута Салах додаде до Флоренци, а овој до Џеко, а овој го постигнува својот осми првенствен погодок и продолжува да игра во животна форма.
Гостите во 80 минута успееја да го постигнат утешниот голо, а стрелец беше Куаисон.
Ел Шарави во 82 минута ги постави конечните 4:1.
Илија Несторовски за Палермо ги одигра сите 90 минути.















