Рома убедлива против Пескара


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома победија на гости кај Пескара во натпревар од 33-то коло во Серија А, 1:4.

Наинголан ја погоди пречката. Во период од една минута фудбалерите на римската волчица постигнаа два погодоци. Стротман и Ел Шарави погодија за Рома.

На почетокот на второто полувреме Салах постигна погодок за 0:3. Ел Шарави пропушти голема шанса за погодок. После еден час игра Рома имаше четири погодоци предност, а Салах го постигна својот втор погодок на натпреварот.

Конечните 1:4 ги постави Бенали пред крајот на натпреварот.